лугола |
Линуксаши и Линуксашки, Вие кои користите и Вие кои размислувате допрва да користите GNU/Linux, почитувани екселенции, младински задруги, подружни единици и кооперации:
За да го заокружиме овој мал јубилеј, на 14ти март 2009г., во Клуб на Новинари во >=20.00ч. организираме прослава на која ќе бидат присутни сите главни фаци од заедницата, ќе има торта и дружење и ќе биде весело. Ве очекуваме да си ги земите партнерките и да се појавите во Клуб на Новинари, тие кои немаат партнерки, нека си ги викнат другарките. Зборот мора да се шири меѓу сите! Во прилог објавуваме и цитат од Упатството за Групи на корисници на ГНУ/Линукс, од Вики за слободен софтвер: Групите на корисници на компјутери не се ништо ново. Впрочем тие завземаат суштинска улога во историјата на персоналните компјутери (PC). Микро-компјутерите се развија како потреба за задоволување на барањата за домашен ефтин компјутер со лесен пристап до него од страна на хобисти и електроничари од тоа време. Гигантите како IBM открија дека PC може да биде добар извор на профит, но сепак основата и движечката сила дојдоа од обичните луѓе. За да расте движењето за GNU/Linux во светот, покрај другите услови кои ГКЛ треба да ги задоволуваат е и нивното проширување и успех. Поради тоа што GNU/Linux за новите корисници има необична природа, ГКЛ мора да овозможат некои од услугите што регионалната канцеларија за поддршка на корисници отворена од IBM, Microsoft или Sun, би ја овозможила. ГКЛ треба и мора да ги обучи, да им даде поддршка и да ги образува корисниците, да се координира со консултантите за GNU/Linux, да ги застапува идеите на GNU/Linux како компјутерско решение па дури и одржува постојана врска со локалните медиуми. |
|||
Со срдечни желби за бериќетна и просперитетна две-хиљаду-и-деветта Ви соопштуваме дека на свет дојде Лугархија бр.3. Овој број е прв со повеќе-јазични содржини. Соработката која ја остваруваме со хакерите и активистите од светот доаѓа до израз преку заедничка соработка. Ќе се обидеме во иднина да овозможиме поголем број на вакви содржини. До 2009г. остана уште малку. Но ние речиси остваривме се што замисливме. Ајде, ќе си посакаме се „најубо“ ден-два пред нова година. Дотогаш, сите четива од Лугархија, по 5 пати да ги прочитате. Исто како што сте ги изгледале сите епизоди од „The Big Bang theory“ по 4 пати! |
|||
На 10 декември 2008г. во организација на Метаморфозис во Скопје повторно се случи E-Society, конференција преку која се разгледуваат начините и можностите за имплементирање на услугите на ИКТ во служба на граѓаните. Оваа година повторно имавме наш удел во реализирањето на конференцијата преку наша презентација, во сесијата „e-Education Platforms“, на тема „FLOSS Solutions“, односно решенија базирани на слободен софтвер за е-образовни цели. Презентер беше Александар Балаловски.
Се запознавме со нови луѓе, некои кои ги знаевме само на мрежата, се видовме со стари пријатели. Поздрав |
|||
Овојпат нема изненадувања. Како што ветуваме така правиме. Рековме секој 15ти, го имаме и вториот број на Лугархија. Местото е старо, а „сиже“ ќе видите овде. |
|||
Кратко известување, од денес ќе можете да се пријавите со Вашата е-пошта на сајтот на Лугархија (лево-долу под банерот) со што секој нареден број на езинот на дадената адреса ќе Ви стигнува известување за новиот број. Оваа можност е сѐ уште во тест-фаза, па ако наидете на проблем или нешто не фукнционира испратете ни известување. Чао |
|||
На перон 1, директно од Битола пристигна Лугархија, првиот ezine за слободен софтвер и слободна/хакерска култура од македонскиве простори. Тоа би се рекло: Излезе Лугархија, број 1, октомври 2008! Првиот број не изобилува со многу содржини, сепак е прв и има 16тина странички, меѓутоа сметаме дека со тоа ќе створиме отскочна даска, едноставно колку Голема благодарност изразуваме за тие кои воопшто се заинтересираа кон ова издание, сите Луголаши кои се ангажираа кон пишењето и оние кои ќе ги поделат печатените примероци по школите низ Македонија (најпрво ќе биде опфатено едно училиште од Битола, по договор). Со овој обид за ширење на знаењето ќе се обидеме да промовираме слободно знаење, ќе пробаме преку овој магазин да придонесеме за поквалитетно и медиумски независно известување кое сите ние гозаслужуваме! Од една страна ни е чест што агендата на Лугола 2.0 се одвива како што замисливме, од друга страна пак ни е ќеф што (речиси) сите од Лугола се зафатиме во реализирањето на зинот, едноставно WE DID IT !!! Среќно хакирање! |
|||
Симболично, 21 септември е избран за слободен софтвер во Битола, оваа година двата датуми се надоврзуваат, па затоа Ви укажуваме на неколку битни работи. Оваа година, со оглед на отсуството на поголем дел од активистите на Лугола од градов, класична прослава како што имало претходните години нема да има. Во скопје, на 27ми септември сепак, со 1 неделно оправдано задоцнување, дел од активистите од Лугола ќе се придружат на прославата организирана од тамошниот тим составен претежно од членови и активисти од „Слободен софтвер Македонија“, каде во текот на т.н. бела ноќ ќе бидат организирани стандардните активности кои се случуваат кога заедницата слави значаен датум како овој, плус некое екстра изненадување. Во очекување на детаљи од прославите на ДСС во светот, може да ѕирнете што се случувало преку сликите на Flickr. Среќен ден на слободен софтвер, каде и да сте! |
|||
Оваа иницијатива е доброволна, ја реализираме без никаков притисок на корисниците на слободен софтвер во нашиот делокрууг, но доколку сакате да донирате за купување литература за библиотеката на Лугола, тоа можете да го направите на неколку начини. Донирајте онолку колку што можете и мислите дека е доволно. Секој допринос е повеќе од ценет. Потоа, може да го следите моделот на активните членови на Лугола, со тоа што дел од нив даваат сума од 1200 денари еднократно, а друг дел пак даваат по 100 денари секој месец. На крајот на годината или пак во текот на годината, зависи од потребите и желбите, се набавуваат книги преку Amazon и сл. онлајн сервиси. Секој кој донира ќе може да предложи 2 книги кои тој би сакал да ги нарачаме. Со тоа се донираат книги по ВАШ избор кон Лугола. Така ќе помогнете да се развие свеста за слободниот софтвер во нашата земја и ќе дадете можност корисниците да добијат соодветно, стручно образование за проблематиката со која ние работиме. Доколку оваа идеја Ви се допаѓа, контактирајте нѐ, наведете сума која би сакале да ја донирате и посакајте која книга сакате да ја збогати библиотеката на Лугола, за другото ние ќе се погрижиме, Мала напомена: литературата која ќе биде набавена ќе биде исклучиво компјутерска. |
|||
Почитувани посетители, Лугола повторно почнува да делува. На последниот состанок со дел од активните членови се дадоа одредени идеи и предлози, кои беа обелоденети на разните ресурси на заедницата, па затоа Ви ги пренесуваме и тука со цел дискутирање и нивно дополнување. Ситуацијата во нашата заедница не е баш најдобра. Кога Лугола би држела редовни состаноци тогаш ќе треба да се бериме 5 души од кои само неколкумина присутни. Има редица корисници/членови кои од почетокот доаѓаа па потоа не покажуваат никаков интерес за движењето за слободен софтвер. Тоа го почитуваме како нивна одлука. Од друга страна пак нема потреба официјално да прогласиме дека Лугола е мртва. Додека има барем 1 шо сака да ја коориднира работата, а засега има, ќе постои како псеудо организација. Сепак, мора некако да се сменат работите. Мојата идеја е, сајтот на Лугола да се организира слично на претходниот. Статички содржини и редовно ажурирање со информации кои би биле од интерес за корисниците на GNU/Linux. Значи не само за Лугола, можеби и колумни, мислења, линкање до интересни содржини итн. Да се даде повеќе социјален карактер на Лугола како постоење и слободниот софтвер како движење. Со тоа ќе се продолжи активизмот во корист на слободниот софтвер и ќе им се помага на тие на кои им треба помош, а сепак ние што сме останати со сериозни намери за активизам нема да зависиме од волјата на останатите, т.е. од другите преодни членови. Практично нема да има членување повеќе. Ако сакате да придонесувате, ќе можете да го правите на неколку нови начини кои Ви ги претставуваме. Би било фино ако се организира Хаклаб во Битола,и тоа како ќе привлечи интерес. Меѓутоа плановите засега не дозволуваат да превземеме таква одговорност, можеби и уште е рано. Ако некој сака да го реализира, нека нѐ контактира, ќе му дадеме конкретен предлог за можно решение за отворање на хаклаб во Битола. Како новитет во новото функционирање на Лугола би дошло мало освежување преку издавање на Е-zine со содржини кои ќе ги пишуваат сите кои сакаат. Варијанта е да се побара од луѓето со кои имаме контакти од Србија, Хрватска и пошироко да напишат одредени содржини по потреба. Зинот ќе има име, партизански ковер (значи random, едноставен) итн. Во план ни е да сработиме нешто и врз содржините на Викито, поминаа 3 години од постоењето, а имаме 300 содржини кои и не се баш така ажурирани. Тотален ремонт. Доколку имате предлози и идеи, испратете ни ги на info _at_ lugola.net. Бидете конструктивни и концизни. Поздрав |
|||
Почитувани Изминатиот нецел месец Лугола имаше големи проблеми со хостинг компанијата каде од пред 2 години ги хостиравме сајтовите на групата. Најважни ресурси за нас беа официјалниот сајт на Лугола (www.lugola.net) и Вики за слободен софтвер (wiki.lugola.net) кои од средината на месец август па се досега беа суспендирани поради, наводно, прекршени права за користење на услуги на компанијата IXWebHosting (понатаму IXWH). Имено, поради престарите софтверски пакети на серверите на IXWH, бевме под постојан напад на кракери и фишери кои поставуваа злонамерни содржини на нашиот сајт. Се обидувавме да го решиме тоа на секој можен начин, ги гоневме таквите содржини и враќавме сѐ на свое место. Истовремено ги известувавме и надлежните од IXWH за проблемот со кој се соочувавме. Кон 20ти август сите сметки на Лугола, заедно со сите поддомени на официјалниот сајт беа суспендирани. Не бевме во можност да одговориме веднаш, но сега, откако работите се вратија во нормала Ви ветуваме дека за најбрзо можно време ќе ги добиеме сите ресурси со кои располага заедницата на слободен софтвер во Македонија, особено Викито како место за помош на корисници на слободен софтвер. Заедницата на Македонија се покажа како стабилна и за хостирањето на сајтот на Лугола и Викито ни овозможи простор и услуги кои ги користат и други сајтови и сервиси во Македонија. Покрај тоа што Ве советуваме, никогаш да не хостирате свој сајт на ixwebhosting.com или startlogic.com, Ве повикуваме да ни помогнете во ревитализацијата на содржините на www.lugola.net и wiki.lugola.net преку пријавување на грешки и дооформување на постоечките содржини. Александар Балаловски, координатор |
|||







20ти септември,
Стручната литература во нашата земја се наоѓа тешко. Секако, ја има на Интернет и тоа повеќе од доволно, но понекогаш е потребна печатена варијанта која за некои корисници е незаменлива. За таа цел, отвораме посебна секција „Библиотека“ реализирајќи идеја на групата за собирање финансии за купување на книги, кои потоа ќе може да ги користи секој кој ќе го побара тоа од нас.