јубилеј |
Линуксаши и Линуксашки, Вие кои користите и Вие кои размислувате допрва да користите GNU/Linux, почитувани екселенции, младински задруги, подружни единици и кооперации:
За да го заокружиме овој мал јубилеј, на 14ти март 2009г., во Клуб на Новинари во >=20.00ч. организираме прослава на која ќе бидат присутни сите главни фаци од заедницата, ќе има торта и дружење и ќе биде весело. Ве очекуваме да си ги земите партнерките и да се појавите во Клуб на Новинари, тие кои немаат партнерки, нека си ги викнат другарките. Зборот мора да се шири меѓу сите! Во прилог објавуваме и цитат од Упатството за Групи на корисници на ГНУ/Линукс, од Вики за слободен софтвер: Групите на корисници на компјутери не се ништо ново. Впрочем тие завземаат суштинска улога во историјата на персоналните компјутери (PC). Микро-компјутерите се развија како потреба за задоволување на барањата за домашен ефтин компјутер со лесен пристап до него од страна на хобисти и електроничари од тоа време. Гигантите како IBM открија дека PC може да биде добар извор на профит, но сепак основата и движечката сила дојдоа од обичните луѓе. За да расте движењето за GNU/Linux во светот, покрај другите услови кои ГКЛ треба да ги задоволуваат е и нивното проширување и успех. Поради тоа што GNU/Linux за новите корисници има необична природа, ГКЛ мора да овозможат некои од услугите што регионалната канцеларија за поддршка на корисници отворена од IBM, Microsoft или Sun, би ја овозможила. ГКЛ треба и мора да ги обучи, да им даде поддршка и да ги образува корисниците, да се координира со консултантите за GNU/Linux, да ги застапува идеите на GNU/Linux како компјутерско решение па дури и одржува постојана врска со локалните медиуми. |
|||





