важно

Лугархија 2, ноември 2008

Овојпат нема изненадувања. Како што ветуваме така правиме. Рековме секој 15ти, го имаме и вториот број на Лугархија.

Местото е старо, а „сиже“ ќе видите овде.

На Ваше големо очекување, ЛУГАРХИЈА

На перон 1, директно од Битола пристигна Лугархија, првиот ezine за слободен софтвер и слободна/хакерска култура од македонскиве простори.

Тоа би се рекло: Излезе Лугархија, број 1, октомври 2008!

Првиот број не изобилува со многу содржини, сепак е прв и има 16тина странички, меѓутоа сметаме дека со тоа ќе створиме отскочна даска, едноставно колку
да тргниме од некаде во реализација на нашата идеја. Идеите и сугестиите се добредојдени, отворени како порт 80 за Вашите сугестии.

Голема благодарност изразуваме за тие кои воопшто се заинтересираа кон ова издание, сите Луголаши кои се ангажираа кон пишењето и оние кои ќе ги поделат печатените примероци по школите низ Македонија (најпрво ќе биде опфатено едно училиште од Битола, по договор). Со овој обид за ширење на знаењето ќе се обидеме да промовираме слободно знаење, ќе пробаме преку овој магазин да придонесеме за поквалитетно и медиумски независно известување кое сите ние гозаслужуваме! Од една страна ни е чест што агендата на Лугола 2.0 се одвива како што замисливме, од друга страна пак ни е ќеф што (речиси) сите од Лугола се зафатиме во реализирањето на зинот, едноставно WE DID IT !!!

Среќно хакирање!

Новитети

Почитувани посетители,

Лугола повторно почнува да делува. На последниот состанок со дел од активните членови се дадоа одредени идеи и предлози, кои беа обелоденети на разните ресурси на заедницата, па затоа Ви ги пренесуваме и тука со цел дискутирање и нивно дополнување.

Ситуацијата во нашата заедница не е баш најдобра. Кога Лугола би држела редовни состаноци тогаш ќе треба да се бериме 5 души од кои само неколкумина присутни. Има редица корисници/членови кои од почетокот доаѓаа па потоа не покажуваат никаков интерес за движењето за слободен софтвер. Тоа го почитуваме како нивна одлука. Од друга страна пак нема потреба официјално да прогласиме дека Лугола е мртва. Додека има барем 1 шо сака да ја коориднира работата, а засега има, ќе постои како псеудо организација.

Сепак, мора некако да се сменат работите. Мојата идеја е, сајтот на Лугола да се организира слично на претходниот. Статички содржини и редовно ажурирање со информации кои би биле од интерес за корисниците на GNU/Linux. Значи не само за Лугола, можеби и колумни, мислења, линкање до интересни содржини итн. Да се даде повеќе социјален карактер на Лугола како постоење и слободниот софтвер како движење. Со тоа ќе се продолжи активизмот во корист на слободниот софтвер и ќе им се помага на тие на кои им треба помош, а сепак ние што сме останати со сериозни намери за активизам нема да зависиме од волјата на останатите, т.е. од другите преодни членови. Практично нема да има членување повеќе. Ако сакате да придонесувате, ќе можете да го правите на неколку нови начини кои Ви ги претставуваме.

Би било фино ако се организира Хаклаб во Битола,и тоа како ќе привлечи интерес. Меѓутоа плановите засега не дозволуваат да превземеме таква одговорност, можеби и уште е рано. Ако некој сака да го реализира, нека нѐ контактира, ќе му дадеме конкретен предлог за можно решение за отворање на хаклаб во Битола.

Како новитет во новото функционирање на Лугола би дошло мало освежување преку издавање на Е-zine со содржини кои ќе ги пишуваат сите кои сакаат. Варијанта е да се побара од луѓето со кои имаме контакти од Србија, Хрватска и пошироко да напишат одредени содржини по потреба. Зинот ќе има име, партизански ковер (значи random, едноставен) итн.

Во план ни е да сработиме нешто и врз содржините на Викито, поминаа 3 години од постоењето, а имаме 300 содржини кои и не се баш така ажурирани. Тотален ремонт.

Доколку имате предлози и идеи, испратете ни ги на info _at_ lugola.net. Бидете конструктивни и концизни.

Поздрав

Syndicate content