прослави

5 години Лугола

Линуксаши и Линуксашки, Вие кои користите и Вие кои размислувате допрва да користите GNU/Linux, почитувани екселенции, младински задруги, подружни единици и кооперации:


Овие денови пред 5г. во Битола се спремаше софтверското востание кое подоцна како плод ја даде првата и најголема група на корисници на GNU/Linux од Македонија, Лугола. Иако од тогаш до денес работите драстично се сменети во однос на делувањето, структурата и резултатите кои произлегуваат од сето тоа, групата опстоја 5г. без да се откажеме. И покрај тоа што кај нас луѓето секогаш се спремни да ни кажат каде згрешивме, а не да нѐ пофалат кога сме успеале, да ни ветуваат 300 начини за поддршка и никогаш да не си го остварат ветувањето, Лугола не се откажува. Сме поминале низ мини-предизвици и нѐ очекуваат уште илјадници други предизвици со кои ќе треба да се избориме во иднина. Наша цел е да Ви помагаме тогаш кога ќе се обратите до нас за помош и поддршка, тоа сме го правеле во минатото, ќе го правиме и во иднина.

За да го заокружиме овој мал јубилеј, на 14ти март 2009г., во Клуб на Новинари во >=20.00ч. организираме прослава на која ќе бидат присутни сите главни фаци од заедницата, ќе има торта и дружење и ќе биде весело. Ве очекуваме да си ги земите партнерките и да се појавите во Клуб на Новинари, тие кои немаат партнерки, нека си ги викнат другарките. Зборот мора да се шири меѓу сите!

Во прилог објавуваме и цитат од Упатството за Групи на корисници на ГНУ/Линукс, од Вики за слободен софтвер:

Групите на корисници на компјутери не се ништо ново. Впрочем тие завземаат суштинска улога во историјата на персоналните компјутери (PC). Микро-компјутерите се развија како потреба за задоволување на барањата за домашен ефтин компјутер со лесен пристап до него од страна на хобисти и електроничари од тоа време. Гигантите како IBM открија дека PC може да биде добар извор на профит, но сепак основата и движечката сила дојдоа од обичните луѓе.

За да расте движењето за GNU/Linux во светот, покрај другите услови кои ГКЛ треба да ги задоволуваат е и нивното проширување и успех. Поради тоа што GNU/Linux за новите корисници има необична природа, ГКЛ мора да овозможат некои од услугите што регионалната канцеларија за поддршка на корисници отворена од IBM, Microsoft или Sun, би ја овозможила. ГКЛ треба и мора да ги обучи, да им даде поддршка и да ги образува корисниците, да се координира со консултантите за GNU/Linux, да ги застапува идеите на GNU/Linux како компјутерско решение па дури и одржува постојана врска со локалните медиуми.

Прослава на ден на слободен софтвер во Скопје

Слободен софтвер Македонија ќе го прослави денот на слободен софтвер на 04.10.2008 година организирајќи презентации за слободен софтвер и слободна култура.

За таа цел, во 14 часот на плоштадот Македонија, група уметници колаборативно ќе сликаат платно посветено и инспирирано од овој ден.

Претходно во 12ч. , во културниот центар Точка, заинтересираните ќе можат да дојдат и да се информираат околу идеите за слободен софтвер, слободна култура, како и да се запознаат со активностите на „Слободен софтвер Македонија“ и идеите за понатаму

извор: http://spodeliznaenje.blogspot.com/2008/10/blog-post.html

Ден на слободен софтвер во светот и Битола

20ти септември, ден на слободен софтвер во светот (ДСС). Ден кога преку 500 тимови од целиот свет повторно го прославија постоењето на движењето за слободен софтвер и го раширија зборот за него низ ушите на добронамерниците на локациите каде што се славеше.

Симболично, 21 септември е избран за слободен софтвер во Битола, оваа година двата датуми се надоврзуваат, па затоа Ви укажуваме на неколку битни работи. Оваа година, со оглед на отсуството на поголем дел од активистите на Лугола од градов, класична прослава како што имало претходните години нема да има. Во скопје, на 27ми септември сепак, со 1 неделно оправдано задоцнување, дел од активистите од Лугола ќе се придружат на прославата организирана од тамошниот тим составен претежно од членови и активисти од „Слободен софтвер Македонија“, каде во текот на т.н. бела ноќ ќе бидат организирани стандардните активности кои се случуваат кога заедницата слави значаен датум како овој, плус некое екстра изненадување.

Во очекување на детаљи од прославите на ДСС во светот, може да ѕирнете што се случувало преку сликите на Flickr.
Наш подарок за оваа година се новитетите што Ви ги предлагаме како група кои ги обелоденуваме преку манифестот на Лугола 2.0.

Среќен ден на слободен софтвер, каде и да сте!

Syndicate content