вести |
Со срдечни желби за бериќетна и просперитетна две-хиљаду-и-деветта Ви соопштуваме дека на свет дојде Лугархија бр.3. Овој број е прв со повеќе-јазични содржини. Соработката која ја остваруваме со хакерите и активистите од светот доаѓа до израз преку заедничка соработка. Ќе се обидеме во иднина да овозможиме поголем број на вакви содржини. До 2009г. остана уште малку. Но ние речиси остваривме се што замисливме. Ајде, ќе си посакаме се „најубо“ ден-два пред нова година. Дотогаш, сите четива од Лугархија, по 5 пати да ги прочитате. Исто како што сте ги изгледале сите епизоди од „The Big Bang theory“ по 4 пати! |
|||
На 10 декември 2008г. во организација на Метаморфозис во Скопје повторно се случи E-Society, конференција преку која се разгледуваат начините и можностите за имплементирање на услугите на ИКТ во служба на граѓаните. Оваа година повторно имавме наш удел во реализирањето на конференцијата преку наша презентација, во сесијата „e-Education Platforms“, на тема „FLOSS Solutions“, односно решенија базирани на слободен софтвер за е-образовни цели. Презентер беше Александар Балаловски.
Се запознавме со нови луѓе, некои кои ги знаевме само на мрежата, се видовме со стари пријатели. Поздрав |
|||
Почитувани посетители, Лугола повторно почнува да делува. На последниот состанок со дел од активните членови се дадоа одредени идеи и предлози, кои беа обелоденети на разните ресурси на заедницата, па затоа Ви ги пренесуваме и тука со цел дискутирање и нивно дополнување. Ситуацијата во нашата заедница не е баш најдобра. Кога Лугола би држела редовни состаноци тогаш ќе треба да се бериме 5 души од кои само неколкумина присутни. Има редица корисници/членови кои од почетокот доаѓаа па потоа не покажуваат никаков интерес за движењето за слободен софтвер. Тоа го почитуваме како нивна одлука. Од друга страна пак нема потреба официјално да прогласиме дека Лугола е мртва. Додека има барем 1 шо сака да ја коориднира работата, а засега има, ќе постои како псеудо организација. Сепак, мора некако да се сменат работите. Мојата идеја е, сајтот на Лугола да се организира слично на претходниот. Статички содржини и редовно ажурирање со информации кои би биле од интерес за корисниците на GNU/Linux. Значи не само за Лугола, можеби и колумни, мислења, линкање до интересни содржини итн. Да се даде повеќе социјален карактер на Лугола како постоење и слободниот софтвер како движење. Со тоа ќе се продолжи активизмот во корист на слободниот софтвер и ќе им се помага на тие на кои им треба помош, а сепак ние што сме останати со сериозни намери за активизам нема да зависиме од волјата на останатите, т.е. од другите преодни членови. Практично нема да има членување повеќе. Ако сакате да придонесувате, ќе можете да го правите на неколку нови начини кои Ви ги претставуваме. Би било фино ако се организира Хаклаб во Битола,и тоа како ќе привлечи интерес. Меѓутоа плановите засега не дозволуваат да превземеме таква одговорност, можеби и уште е рано. Ако некој сака да го реализира, нека нѐ контактира, ќе му дадеме конкретен предлог за можно решение за отворање на хаклаб во Битола. Како новитет во новото функционирање на Лугола би дошло мало освежување преку издавање на Е-zine со содржини кои ќе ги пишуваат сите кои сакаат. Варијанта е да се побара од луѓето со кои имаме контакти од Србија, Хрватска и пошироко да напишат одредени содржини по потреба. Зинот ќе има име, партизански ковер (значи random, едноставен) итн. Во план ни е да сработиме нешто и врз содржините на Викито, поминаа 3 години од постоењето, а имаме 300 содржини кои и не се баш така ажурирани. Тотален ремонт. Доколку имате предлози и идеи, испратете ни ги на info _at_ lugola.net. Бидете конструктивни и концизни. Поздрав |
|||





