Библиотека

Стручната литература во нашата земја се наоѓа тешко. Секако, ја има на Интернет и тоа повеќе од доволно, но понекогаш е потребна печатена варијанта која за некои корисници е незаменлива. За таа цел, отвораме посебна секција „Библиотека“ реализирајќи идеја на групата за собирање финансии за купување на книги, кои потоа ќе може да ги користи секој кој ќе го побара тоа од нас.

Оваа иницијатива е доброволна, ја реализираме без никаков притисок на корисниците на слободен софтвер во нашиот делокрууг, но доколку сакате да донирате за купување литература за библиотеката на Лугола, тоа можете да го направите на неколку начини. Донирајте онолку колку што можете и мислите дека е доволно. Секој допринос е повеќе од ценет. Потоа, може да го следите моделот на активните членови на Лугола, со тоа што дел од нив даваат сума од 1200 денари еднократно, а друг дел пак даваат по 100 денари секој месец. На крајот на годината или пак во текот на годината, зависи од потребите и желбите, се набавуваат книги преку Amazon и сл. онлајн сервиси. Секој кој донира ќе може да предложи 2 книги кои тој би сакал да ги нарачаме. Со тоа се донираат книги по ВАШ избор кон Лугола. Така ќе помогнете да се развие свеста за слободниот софтвер во нашата земја и ќе дадете можност корисниците да добијат соодветно, стручно образование за проблематиката со која ние работиме. Доколку оваа идеја Ви се допаѓа, контактирајте нѐ, наведете сума која би сакале да ја донирате и посакајте која книга сакате да ја збогати библиотеката на Лугола, за другото ние ќе се погрижиме,

Мала напомена: литературата која ќе биде набавена ќе биде исклучиво компјутерска.