January, 2009 |
Со оглед на тоа што пред и по новогодишните празници, регрутацијата на луѓе кои би пишувале за Лугархија 4 не одеше баш најглатко, а и самите ние бевме спречени поради празниците да делуваме, го промашивме четвртиот број на Лугархија. Иако тоа не значи дека нема да има Лугархија 4, даваме сѐ од себе да ја надоместиме болката и загубата во нашите срца и да се покаеме за сторениот грев во Вашите очи, со нов број, секако пред официјално да излезе Лугархија 5 (15 февруари). Па останете во тек. Ќе добиете е-пошта за сите промени. |
|||
Групата на корисници на GNU/Linux од Битола, Ви посакува среќна Нова година, да Ви се исполнат сите желби и во 2009та, со наша помош да зачекорите кон поефективно и квалитетно користење на моќта на компјутерските хардверски платформи преку користењето на слободниот софтвер и она што тој го нуди. Истовремено Ве повикуваме нашата работа да ја помогнете преку пишување на текстови за Лугархија, или пак директно преку финансиска и материјална помош за Лугола, за чие проследување ќе може да добиете информации ако нѐ контактирате :) Поздрав, сѐ најдобро! |
|||




