December, 2008 |
25тиот конгрес на Chaos Computer Club (CCC) (25c3 -25th Chaos Communication Congress) е 4-дневна годишна конференција организирана од CCC. Се случува во Берлин, во Berliner Congress Center. Конференцијата нуди лекции и работилници на различни теми и истовремено привлекува различен вид на публика составена од илјадници хакери, научници, уметници и луѓе кои веруваат во подобра иднина. Слоганот на овогодинешниот 25c3 е „Ништо не криеме“! Оваа година, дел од македонската заедница на активисти ќе биде присутна на конгресот, меѓу кои и член на Лугола. Иако веќе касно, доколку имате начин да присуствувате на настанот контактирајте не за понатамошни насоки. Поздрав! |
|||
Со срдечни желби за бериќетна и просперитетна две-хиљаду-и-деветта Ви соопштуваме дека на свет дојде Лугархија бр.3. Овој број е прв со повеќе-јазични содржини. Соработката која ја остваруваме со хакерите и активистите од светот доаѓа до израз преку заедничка соработка. Ќе се обидеме во иднина да овозможиме поголем број на вакви содржини. До 2009г. остана уште малку. Но ние речиси остваривме се што замисливме. Ајде, ќе си посакаме се „најубо“ ден-два пред нова година. Дотогаш, сите четива од Лугархија, по 5 пати да ги прочитате. Исто како што сте ги изгледале сите епизоди од „The Big Bang theory“ по 4 пати! |
|||
На 10 декември 2008г. во организација на Метаморфозис во Скопје повторно се случи E-Society, конференција преку која се разгледуваат начините и можностите за имплементирање на услугите на ИКТ во служба на граѓаните. Оваа година повторно имавме наш удел во реализирањето на конференцијата преку наша презентација, во сесијата „e-Education Platforms“, на тема „FLOSS Solutions“, односно решенија базирани на слободен софтвер за е-образовни цели. Презентер беше Александар Балаловски.
Се запознавме со нови луѓе, некои кои ги знаевме само на мрежата, се видовме со стари пријатели. Поздрав |
|||





